Загубарот МЖ Транспорт им должи за струја на сите енергетски компании. Според информациите 4 милоиони евра треба да врати во касата на ЕВН. Долг направен во претоходните две до три години. Нешто над 2 милион евра милиони евра му должи на Мепсо. А пари за електрична енергија треба да врати и на ЕСМ. За ова веќе владата на седница одлучи да го прифати барањето на МЖ Транспорт и со тоа државата со нови 15 милиони евра пари на граѓаните, ќе ги плати сметките, но и ќе ги врати позајмиците кои државните електрани константно ги даваат во Македонски железници за да поделат плати.
Македонските железнички претпријатија постојано се на листата на загубари и должници. Пругите и возовите се во лоша состојба, меѓународни возови нема, домашните линии се укинуваат, но вработувањата течат.
МЖ инфрастуктура бара кадар за во секторот за информатика и за правни работи и недвижности. Минатата година пак МЖ Транспорт преку оглас бараше 80 работници. Од таму викендов соопштија дека од утре се укинуваат два воза до Битола. Но, веќе трет ден нема образложение од претпријатието зошто се прави тоа.
Според, информации на Телма, проблемот е во дизел моторните гарнитури. Поранешниот директор на Транспорт Дерковски вели дека ова е резултат на долгогодишната негрижа на возните средства и пругите.
-Се надевам дека ќе се смогне сила, инаку состојбата е многу лоша. А зошто е тоа така, тоа е прашање со многу одговори. Дали нешто намерно се прави пред либерализација или приватизација на тој дел од железницата, ќе видиме во слендите години. Во моментов од 700 километри пруга, може да се користат само 300 заедно со скопскиот јазол, другиот дел е во многу лоша состојба и треба МЖ Инфрастуктура да се погрижи за тоа, вели Оливер Деркоски, поранешен директор на МЖ Транспорт.
Минатата година МЖ Транспорт поради долгови за струја беше во мрак неколку часа, па државата одлучи да врати дел од долгот. Бизнисот пак бара либерализација на пазарот за да можат да работата. Од Министерството за транспорт велат дека процесот е започнат, но законите се заглавени во собрание и апелираа до пратениците да ги стават на дневен ред. Иако, се зборуваше дека железница е зрела за јавно -приватно партенство или приватизација за сега нема план за спас и се продолжува да се прави дотур на пари од буџетот за македонската железница да преживее. Според, информациите годишно во МЖ Транспорт се префрлаат од 12 до 15 милиони евра.
Ирена Чачкова