Вести Македонија Најважни

Од утре стапуваат на сила измените во Кривичниот законик

Утре е денот Д за пресврт во судските постапки за злоупотреба на службена положба и злосторничко здужување.

Тогаш стапуваат на сила измените на кривичниот законик кои за дел од обивинетите ќе значат многу пониски казни, а за дел и крај на судските постапки.

Ова значи и застарување на предметите  „Таргет-Тврдина“, „Тендери“, „Титаник“, „ТНТ“, „Талир“, „Траекторија“.

Евроамбасадорот Дејвид Гир вели Брисел ги анализира промените во кривичниот законик, но и процедурата во која се носеа по скратена постапка, и наскоро ќе има став по овие прашања.

Брисел ги чешла измените на Кривичниот Законик, за експертите процесот нетранспарентен

И правниот тим на американската амбасада Анџела Агелер ги разгледува измените на кривичниот законик, а од стејт депарментот за гласот на Америка на Македонски јазик соопшти дека корупцијата има потенцијал да ги поткопа стратешките амбиции на Македонија.

Ова беше одговорот од таму на прашањето дали измените во кривичниот законик ќе ги отежнат напорите на САД да помогнат во борбата против корупцијата во земјава.

(видео)И правниот тим на Агелер ја разгледува постапката и измените на КЗ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Хамас потврди дека починал уште еден од заложниците киднапирани лани во октомври

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе