Вести Македонија Најважни

(видео) Рот: Не е време за меѓусебна уцена со КЗ, потребно е да се направат уставните измени

Војната во Украина сите не засега, но тоа не значи дека сме ве заборавиле, порача денеска во Скопје, претседавачот на Комитетот за надворешна политика на Бундестагот и поранешен државен министер на Германија за Европа Михаел Рот. Пред почетокот на собраниската комисија, Рот вели дека за Македонија да се врати на европскиот пат мора да се направат уставните измени.

  •  Сакам да ги охрабрам моите истакнати колеги тука, во Владата и во Парламентот да сторат се што можат за да ја вратат Македонија на патеката – тоа значи дека уставните измени се можеби болни, за некои колеги, но се неопходни. Потребна ни е поголема амбиција за пристапните преговори и не заборавајте дека С.Македонија игра многу важна улога како мултиетничка, мултирелигиозна, мултикултурна земја. Македонија може да ги надмине соседите, не да ги решава проблемите со размена на територии или со етничко чистење, туку со можна меѓусебна соработка, пријатлество, помирување, меѓу различни етникуми. И би сакал да ги мотивирам моите колеги тука, дека вреди, вреди да се биде повеќе ангажиран кога станува збор за корупцијата, независно судство, зајакнување на владеење на правото, демократската култура во овие земји, рече Рот.

Одговарајќи на новинарско прашање што мисли за измените на кривичниот законик и нивното брзо носење, Рот вели дека сега не е време да се уценуваме меѓусебе, туку да се фокусираме на уставните измени.

  • Ова не е време да се уценувате меѓусебе. Мислам дека јасните очекувања од ЕУ, бидејќи најпрво сме унија на заеднички вредности, многу повеќе сме од само единствен пазар, дека сите земји кои сакаат да и се придружат на ЕУ мора да ја продолжат борбата против корупцијата. Не би одел во детали, слушнав гласини за амнестија, но мислам дека овдешните политичари ќе мора да одлучат за тоа. Но, сега зборуваме за промена на Уставот, со внес на бугарското малцинство и други прашања кои се резултат на многу долги, напнати и контроверзни преговори со ЕУ, посебно со Бугарија. И мојата главна порака е – ако можеме да ги забрзаме преговорите со ЕУ и Македонија, затоа што Македонците заслужуваат членство во ЕУ, колку што е можно побрзо. Потребна е амбиција и од двете страни, и од ЕУ и од Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе