Ентони Џошуа оствари драматична победа против Кристијан Пренга на боксерскиот спектакл во Џеда, Саудиска Арабија. Поранешниот светски шампион двапати заврши на подот во првата рунда, но се врати и го нокаутира Албанецот во втората рунда.
Пренга го шокира Џошуа уште по дваесетина секунди и го испрати во нокдаун, а Британецот уште еднаш се најде на подот пред крајот на воведната рунда. Сепак, Џошуа успеа да ја преживее кризата и целосно ја промени борбата во продолжението.
Во втората рунда, Џошуа ја презеде иницијативата и со серија силни удари го собори противникот. Пренга заврши меѓу јажињата, а судијата ја прекина борбата по две минути и 43 секунди.
Highlights of Anthony Joshua’s epic comeback victory against Kristian Prenga in Jeddah 😤#JoshuaPrenga | Exclusively on DAZN 🥊 pic.twitter.com/T6bq3x0tUF
— Ring Magazine (@ringmagazine) July 25, 2026
Ова беше прва борба на Џошуа по сообраќајната несреќа во Нигерија во декември, во која загинаа двајца негови блиски пријатели, а и самиот боксер беше повреден. Со триумфот тој стигна до 30. победа во професионалната кариера, од кои 27 со нокаут.
Победата го отвори патот за долгоочекуваната британска пресметка со Тајсон Фјури, кој претходно го совлада Мариуш Вах. Според информациите од двата табора, договорот за нивната борба веќе е потпишан, а мечот се очекува во ноември.
