Вести Македонија Најважни

Груби: Измените на Кривичниот законик се и ексклузивно барање на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

Првиот вицепремиер денеска одговарајќи на прашања во врска со измените на Кривичниот законик рече дека опозицијата, и македонска и албанска, треба „да си ги усогласат ставовите“, посочувајќи дека „македонската опозиција вчера на пленарната седница не гласаше против измените во Кривичниот законик коишто се хармонизација со европското право, туку остана на седницата, правеше кворум и го усвои дневниот ред”.

Тој ги отфрли како апсолутна лага тврдењата на албанската опозиција дека измените во Кривичниот законик се прават за да се спаси поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој е во бегство во Будимпешта. Одговарајќи понатаму на прашањето, Груби рече: „Овие измени во Кривичниот законик освен што се хармонизација со европското право се и ексклузивно барање и на г. Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ, на сите лидерски средби и на билатерални средби во однос на измените на Кривичниот законик и еве, имаат шанса тоа да си го направат во Собранието, впрочем тоа веќе и го направија со нивното учество во работата“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Бројот на жртви во Тексас расте, меѓу нив и девет деца

Дејан Дејан

Во Турција се апсат градоначалници од опозицијата која пак обвинува за политички прогон

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе