Вести Македонија Најважни

Ковачевски на вечера кај Мицотакис – Дваесет години од солунската Декларација, Грција како клучен играч на З. Балкан

Европската иднина регионот ќе биде во фокусот на денешната неформална вечера во Атина со лидери на земјите од Западен Балкан, но и гости од Европската Унија по повод 20-годишнината од Самитот „Еу-Западен Балкан“ и усвојувањето на солунската Декларација.

Меѓу присутните на настанот во организација на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, ќе биде и претседателот на македонската влада, Димитар Ковачевски, претседателите на Србија и на Црна Гора, претседавачката со Советот на министри на БиХ. Покана е испратена и со косовскиот премиер, додека Албанија, која е поканета на претседателско ниво, нема да има свој претставник.

На вечерата ќе присуствуваат и премиерите на Хрватска, на Бугарија и на Романија, а поканата на Мицотакис ја прифатија и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Според грчките медиуми, во Атина се очекува да допатува и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Ковачевски, кој во Атина ќе биде придружуван од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, пред вечерата најави дека ќе оствари билатерална средба со Фон дер Лајен. Се очекува тема да биде процедурата за уставните измени и евроинтеграциите на државата.

Медиумите во Грција наведуваат дека целта на иницијативата на Мицотакис е истакнување на улогата на земјата како столб на стабилноста, мирот и енергетската безбедност на Балканот и во Југоисточна Европа.

Усвојувањето на солунската Декларација во 2003 година значеше поддршка за земјите од Балканот за влез во Европската Унија, а токму на самитот „ЕУ-Западен Балкан“ во Солун имаше клучна улога во евроинтеграциските процеси во регионот. Покрај проширувањето и европксата иднина Западниот Балкан, пред, за време и по неформалната вечера, се најавени бројни билатерални средби и разговори со акцент енергетската безбедност на регионот и Југоисточна Европа, како и други актуелни теми од суштинско значење.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе