Вести Македонија

Европска демократска партија стапи на политичката сцена

Авангардна и најпозитивна политичка сила која ќе придонесе за иднината на државата и за нејзиното интегрирање во Европската унија. Со ваква идеја почна основачкото Собрание на Европската демократска партија. Ќе ја предводи поранешниот потпретседател на Движењето БЕСА и екс министер за земјоделство, Аријанит Хоџа.

-Првата битка е уставните измени. Без епилог во овој дел не може да се каже како ќе се развива политичката сцена. Нормално, ние очекуваме да поминат уставните измени бидејќи тоа е отварање на вратата за влез во ЕУ. Доколку не поминат, државата влегува во едно сценарио во кое европската перспектива ќе има потреба од политички сили кои треба да се соединат и да не ја оставаат државата во рацете на политичари кои сакаат да ја изолираат, изјави Аријанит Хоџа, претседател на Европска демократска партија

Потписите за основање на Европската демократска партија почнаа да се собираат откако лидерот на БЕСА Билал Касами покажа волја да се здружи со Алтернатива на Африм Гаши и Демократското движење на Изет Меџити во единствен опозициски фронт. На Хоџа му се придружи и пратеникот Бастри Бајрами, со што, БЕСА останува со само еден пратеник.

Овој опозицицки фронт, со тројца пратеници од Алтернатива, еден од БЕСА и тројца од Демократско движење, ќе може да формира пратеничка група.

Утре, на годишнината од Рамковниот договор, Изет Меџити ќе ја промовира новата партија што ја формираат дел од „Огнените“.  Главен соработник на поранешниот потпретседател на ДУИ останува градоначалникот на Чаир Висар Ганиу. Блерим Беџети од Сарај и Муса Џафери се дистанцираа и продолжија од лидерот Али Ахмети да бараат внатрепартиски реформи.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе