Вести Македонија Најважни

Еве, почестете се – приведен бугарски државјанин во Скопје по обид за поткуп на полицајци кои го фатиле како минува на црвено

Бугарски државјанин од Петрич вчера бил приведен во Скопје по обид за подмитување на полициски службеници да му прогледаат низ прсти за сообраќаен прекршок.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР) утрово, 60-годишниот бугарски државјанин со иницијали Б.Е.Г. од Петрич бил приведен околу 14 часот од полициски службеници од Полициската станица „Кисела Вода“, поради сторено кривично дело давање поткуп.

„Откако полициските службеници му ја побарале сообраќајната дозвола и му укажале дека ќе му биде изречена глоба, Б.Е.Г. во сообраќајната дозвола ставил пари (евра) и рекол дека тоа го направил за да се почестат, односно да не му изречат глоба“, стои во соопштението на МВР.

По ова, се додава во соопштението, полициските службеници веднаш го лишиле од слобода поради сторено кривично дело давање поткуп по член 358 од Кривичниот законик.

За случајот е известен јавен обвинител и по неговото документирање против бугарскиот државјанин до Основното јавно обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шумски пожари беснеат во Франција и Шпанија, над стотици илјади луѓе се евакуирани – пожарникарите немоќни пред силата на ветрот

Дејан Дејан

Николовски: На автопатот Охрид-Кичево целосно завршени две галерии, на третата интензивно се работи

Дејан Дејан

(вознемирувачко видео)Во обид за бeгство уапсена Македонка која прегази куче во Црна Гора – таа кривично ќе одговара пред тамошното обвинителство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе