Вести Македонија Најважни

Ставен под контрола пожарот меѓу Богданци и с.Ѓавато

Се смирува пожарот кај Богданци. По неколкучасовна борба со огнот кој зафати голема површина на ридовите меѓу Богданци и селото Ѓавото, пожарот е ставен под контрола.

Гореше нискостеблеста шума и трева околу ветерниците, но тие генерално беа безбедни, бидејќи нивната околина е без вегетација.

Превентивно сепак, дел од ветерниците беа исклучени. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека акцијата за гасење почнала во раните утрински часови и успеале да го спречат натамошното ширење.

Пожарот почна вчера претпладне и за кратко зафати површина од околу 500 хектари. Во еден момент поради силниот ветер вчера попладне огнот почна да се шири и кон Валандово, но интервенираше и хелихоптер на МВР.

Градоначалникот Шапов вели дека постои сомнеж пожарот да настанал од човечко енвнимание.

Високите температури и силниот ветер се причина за брзо ширење на пожарите во овој дел од државата.

Минатата година пожарот над селото Ѓавото кај Богданци стигна до куќите при што се опожарија и неколку помошни проистории во повисокиот дел од селото.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вработен во Центарот за вработување во Прилеп осомничен за примање поткуп од 18.000 денари

Дејан Дејан

Телма интервју со Мартин Јошески од АХВ – На кое ниво е координацијата меѓу институциите задолжени за заштита на јавното здравје

Дејан Дејан

Белата пена во водите на Вардар исчезна – но причинителот остана непознат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе