Останато Спорт

Скопје домаќин на Европски олимписки младински фестивал во 2025 година

Управниот одбор на Европските олимписки комитети (ЕОК) ја прифати кандидатурата на МОК, во 2025 година градот Скопје да биде домаќин на 18-то издание на летниот Европски олимписки младински фестивал (ЕОМФ). Претседателот на МОК, Даниел Димевски и градоначалничката Данела Арсовска денес официјално ќе го преземат знамето на ЕОК како симбол за организација на следниот ЕОМФ на затворањето на годинешното издание во Марибор, Словенија каде што ќе биде потпишан и договор за соработка помеѓу ЕОК и МОК за организација на Европските младински игри, Скопје 2025.

Претходно (21 Јули), делегација на ЕОК, го посети МОК кој организираше посета на спортската инфраструктура како и на сместувачките капацитети, но и средби со заменик Претседателот на Владата на Северна Македонија, г-динот Фатмир Битиќи и градоначалникот на град Скопје, г-ѓа Данела Арсовска.

Сите  ја поздравија оваа иницијатива на МОК и истакнаа дека овој најголем младински Европски мулти-спортски настан е извонредна можност да докажеме дека МОК и градот Скопје се подготвени да ја прифатат привилегијата и оваа неверојатна можност и извонредна обврска да бидеме домаќини на најдобрите млади европски спортисти благодарение на довербата на Европските олимписки комитети.

Од организациски аспект претстои многу работа, но имајќи предвид дека зад МОК стојат ЕОК, но и Владата на Северна Македонија како и градоначалникот на Град Скопје, може само да се заклучи дека сме подготвени да дадеме неверојатни игри во Скопје, во 2025 година.

На ЕОМФ Марибор 2023, се натпреваруваат повеќе од 2400 спортисти и околу 1000 официјали, во 11 спортски дисциплини. Првото издание на фестивалот се одржало во Брисел во 1991 година каде што младинци на возраст од 14 до 18 години се натпреварувале на интернационалниот настан. Северна Македонија ќе биде една од 25. европски земји кои биле домаќини на зимски и летни игри и 16-та во која ќе се одржи летното издание.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Озимен во Челси, Лукаку во Наполи

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе