Вести Македонија

„Скопје во пет и седумнаесет“ за одбележување на 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес

Со отворањето на дигиталната изложба на Државниот архив „Подемот и падот на Скопје“ преку фотообјективот на Киро Георгиевски, вработен во Градското собрание во 50-тите години на 20 век, продолжува проектот „Скопје во пет и седумнаесет“ за одбележување на 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје.

„Секој човек и секоја заедница најдлабоко и најдолго ги паметат болката и загубата. Но, во исто време, тоа се и појдовните точки за наша трансформација во некој нов, конструктивен наратив кој ќе помогне за редефинирање на животните приоритети, забележа претседателот Пендаровски .

Овој град е крајно комплексна средина, во која неговите граѓани се внатрешно фрагментирани по разни линии, со многу фактички и симболични земјотреси во себе, со безброј рани и загуби, со долга серија примери на урбана конфузија. Меѓутоа, сите ние во себе имаме една длабоко врежана културна константа дека наспроти сите наши разлики фундаментот на една човечка заедница е во емпатијата и солидарноста. А, ја имаме, затоа што пред 60 години на трагичен начин ја научивме вредноста на животот, рече претседателот пендаровски.

Сеќавањето на трагичниот земјотрес пред 60 години е сѐ уште е живо, за многумина тоа е доживотна траума. Во исто време храбрите Скопјани можат гордо да го погледнат Скопје, својот град издигнат над урнатините, рече полскиот амбасадор Гжелчик.

Со низа културни настани на повеќе локации во градот: во Музејот на град Скопје, во Кинотеката на Македонија, во Културно-информативниот центар и денес продолжува дводневниот проект „Скопје во пет и седумнаесет“ кој започна со изведба на македонските евергрин композици во паркот „Ибни Пајко . Во Шалтер салата на Пошта и на зградата на Телекомуникацискиот центар, креативниот тим на „Скопје лајт арт дистрикт“со изведба на аудиовизуелни инсталации со ласерска проекција и 3Д-мапирање ќе даде илустративен приказ на  земјотресот и на обновата. Во исто време на локации на Скопското кале и на високите кули во Карпош 1 и 2 ќе има визуелна проекција со 3Д-мапирање.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе