Вести Македонија Најважни

ОЈО се уште го чека известувањето од МВР за „Малиот битолски Монмартр“ – ќе се проверува дали децата биле злоупотребени за политички цели

Известувањето на СВР Битола за „Малиот битолски Монмартр“ се уште не е стигнато  до  Обвинителството  кое треба да ги провери  дали во соработката со Бугарија на оваа ликовна колонија има злоупотреба на децата во политички цели. Иако министерот Спасовски  вчера рече дека известувањето е  веќе доставено  и сега полицијата очекува дали  ОЈО ќе даде наредба за прибирање на документација, сепак обвинителите не го добиле .

  • До Основното јавно обвинителство Битола до овој момент не е поднесена ниту кривична пријава ниту известување за наведениот настан, се наведува во одговорот од ОЈО Битола. 

Полицијата во случајот постапи по допрен глас, откако медиумите пишуваа за патувањата во Бугарија што ги организираше Детското ликовно студио од Битола. Во рамките на проектот „Од двете страни на границата“ финансиран од фондацијата Бугарско сеќавање, на познатиот бугарски тајкун Милен Врабевски,  децата    престојуваа во оваа соседна земја, но, покрај изложби,  посета на знаменитости и други  активности, имаа  и средба  со поранешниот бугарски цар, Симеон Саксобурготски, посета на гробот  на   Цар Борис Трети, а го посетија и   бугарскиот претседател Румен Рандев. Раководството на Малиот Битолски Монмартр вели дека реакциите се  силни само за нивната соработка со Бугарија, но не и со останатите земји и ова го доживуваат како хајка против Детското ликовно студио.

  • Постапката е пред ОЈО, треба да го разгледа известувањето на МВР. Ако има основ ќе се отвори предмет,ако нема основ нема да се отври предмет. Но во било кој случај ние ќе тужиме за клевета и навреда. Ова е хајка против Детското ликовно студио која се води речиси 2 години, вели Славчо Неделковски член на УО на ДЛС Св Кирил и Методиј-Битола.

Министерот Спасовски рече дека досега никој  не поднел кривична пријава во овој случај.

  • Ниту еден родител, нити Меѓаши или друга организација нема доставено кривична пријава. Апелирам и за овој и за друг случај да се достават кривични пријави, да се земаат изјави на записник во однос на овие случаи за да можат и институциите да постапуваат, рече Спасовски.

Ликовното студио од Битола  лани ја започна соработката со бугарската фондација на Врабевски, кој беше финансиер и на двата згаснати бугарски клуба во Битола и Охрид. На  годинешното свечено  отворање на „Малиот битолски Монмартр“, награда за мецена-патрон на уметноста организаторите од ликовното студио му доделија токму на Милен Врабевски, член на Меѓународниот управен одбор на колонијата.

Емилија Мисирлијевски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се врши проценка на штетите по силниот ветар во Штип – пациентите од Ортопадија се уште се на другите одделенија

Дејан Дејан

Полемиката меѓу Муцунски и Османи околу преговарачката рамка не запира

Дејан Дејан

Шумски пожари беснеат во Франција и Шпанија, над стотици илјади луѓе се евакуирани – пожарникарите немоќни пред силата на ветрот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе