Вести Македонија Најважни

Агелер: Сите бизниси на Камчев ќе бидат опфатени, листата ќе се проширува, не можам да откријам кој е следен

Бизнисменот Јордан Камчев нема да стапне на американско тло, но синоќа и за последен пат имал можност да тргува со удели и пари надвор од земјата. Освен физички, тој е и финансиска персона нон грата за САД, а неговите удели, сметки и депозити се под мраз. Презимето Камчев е со црни букви во секоја финансиска институција во САД. Но, она што засега е нејасно и допрва ќе се знае дали ќе се запрат приливите и богатењето на Камчев кој, пак, од сопственичка пајажина во 24 профитабилни компании е сведен на управител на само две фондации – „Свети маченик Димитрија Солунски“ и Фондација Илија Камчев. Додека САД, преку надлежните минстерства, мислат како да му застане на патот на, според нив, корумпираниот перач на пари, во неизвеност се и долгогодишните партнери на Камчев.

„Ова е многу добро прашање и би сакал да кажам нешто што требаше да го кажам на почетокот. За сите други технички прашања, за тоа како овој процес делува, би ве охрабрила и нашиот тим би можел да ве поврзе со нив. Ќе треба да разговарате со офицерите за судски имот во Финансии, бидејќи тие ги имаат повеќе техничките одговори. Морам да признам јас немам некои од тие технички одговори. Но, можам да кажам дека тоа е дел од овој посебен Закон, тој ги вклучува и оние кои соработувале и биле поврзани со некои од овие активности за кои лицата се санкционирани според овој Законот за финансии и може да биде утврдено дека биле поврзани. Тоа значи дека нивните средства се замрзнати или блокирани, како што рекоа. Како што повеќето од вас знаат, голем дел од меѓународното банкарство се поминува низ САД, низ најголемите банки во САД. Значи последиците се многу големи. Какви ќе бидат вистинските последици тука, не знам, искрено сметам дека нема да знаеме уште некое време“, вели Агелер на прашањето дали Камчев ќе може да управува со сметките и фирмите во земјава.

Повлекувањата од газдинството во фирмите основани од него и нему блиски роднини и соработници, Камчев ги отпочна пред две години, а повеќе не е менацер ниту на болницата „Систина“. Но, непозната равенка се и партнерствата на Камчев надвор од земјата, како што беше и примерот со фирмата „Финзи“ од офф-шор пајажината која ја истражување и екс СЈО. Едно е сигурно, Камчев треба да заборави на потенцијалните девизни сметки, засега неофицијално ќе може да располага со малцинските удели, доколку сè уште ги поседува во земјата. Неговата номинација е со предзнак финансиски криминал и е под повисок ранг како и нему слични примери на пратеници и функционери од Србија и од Бугарија. Но, САД не застанува на Рамиз Мерко и Јордан Камчев, потврди Агелер.

„Ова е процес кој сè уште трае и не можам да кажам кој е следен, бидејќи буквално и јас не знам. Процесот се води во Вашингтон, во министерствата за финансии, трговија и многу е прецизен, внимателен законски процес кој се води за да се осигура дека постојат докази за да се потврди оваа номинација. Ова е многу сериозна номинација која ја води министерството за финансии и се однесува на многу широка финансиска и сопственичка импликација за поединците кои се на листата. И ова не е нешто едноставно, туку се прави многу внимателно и опсежно, и ќе кажам дека за некое време ние овде во комуникација со претпоставени во Вашингтон кои работат на оваа проблематика ќе соопштиме за други индивидуи и организации кои се разгледуваат,“ одговори Агелер.

Пораката на Агелер на денешната прва официјална прес-конференција на темата „Црна листа“ е дека Вашингтон не упаѓа и не апси во земјава. Таквата привилегија и законска можност е исклучиво на обвинителстовто и судовите во земјава кои Агелер ги охрабри да продолжат да истражуваат за да можат и САД и ЕУ полесно да даваат поддршка во борбата против корупцијата и криминалот. Агелер истакна дека овие номинации не се базирани на разгвори туку на цврсти докази и факти против поединци кои се огрешиле пред граѓаните на Македонија.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

(фото)Четири дена по силното невреме Скопје сè уште ги санира последиците – Најголеми штети има во Градскиот парк, како и Карпош и Аеродром

Дејан Дејан

(видео)Димитриевски: Советниците и пратениците кои станаа независни треба да го вратат мандатот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе