Вести Најважни Свет

Алџезаира: САД подготвува листа со 19 имиња на политичари и високи функционери од Западен Балкан, меѓу кои и од Македонија, кои ќе се најдат на „Црната листа“

Американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар пред Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом во САД реферираше за случувањата и даде оценки за напредокот на земјите од регионот.

Тој рече дека меѓу клучните проблеми со кои се соочува Западен Балкан се: бавниот напредок во демократизацијата, корупцијата, зависноста од руските енергетски извори, етно – националистичката политика, дезинформациите и штетното надворешно влијание.

Зборувајќи за неодамнешните тензии на северот на Косово, Ескобар посочи дека САД се посветени на проширување и дека работат на унапредување на државите од Западен Балкан кон европска и трансатлантска интеграција. Рече дека се надева на значителен напредок оваа година меѓу Косово и Србија.

Особено се осврна на Охридскиот договор, постигнат меѓу Косово и Србија во март оваа година, велејќи дека тој нуди извонредни можности за двете земји да воспостават мирни односи меѓу себе.

Коментирајќи го говорот на американскиот пратеник за Западен балкан, дописникот за Алџезаира од Вашингтон, Ивица Пољиќ, обзнани дека САД подготвуваат список со непосакувани лица или „Персона нон грата“, на кој ќе се најдат 19 имиња на високи политички функционери, од сите земји од Западен Балкан, меѓу кои и од Македонија.

Повикувајќи се на свои извори од Конгресот рече дека Американците на овој список работеле веќе 5 години, а целта била да откријат кои се поединците кои ги опструираат американските напори на Западен Балкан да се воведе ред.

Пољиќ истакна дека за сега не е познато кога точно таа листа ќе биде објавена но заклучи дека САД го менуваат пристапот бидејќи ова е прв пат да се пристапува кон група со оглед дека до сега на црната листа беа ставани само имиња на поединци.

Дописникот на Алџезаира исто така оцени дека Американската администрација со своите сојузници од ЕУ не може да бидат задоволни со тоа како течат работите на теронот што се однесува на ситуацијата меѓу Косово и Србија.

Оценките се дека станува збор за еден тежок однос меѓу Приштина и Белград кој е обременет со многу проблеми по почетниот успех во Охрид по кој дојдоа низа проблеми па дури и закано по безбедноста и закани за вооружен судир на северот од Косово.

Американците и понатаму инсистираат дека Косово е обврзано да ги признае српските заедници дека тоа е така договорено и дека најверојатно ќе следат нови избори.

Ескобар во својот говор ги спомена и нападите врз припадниците на КФОР и дека безбедносната ситуација е многу напната и рече дека Европа и Америка нема да ги напуштат Косово и Србија кога станува збор за постигнатиот меѓусебен договор.

Што се однесува на Босна и Херцеговина америкнскиот пратеник за Западен Балкан се фокусира на Милорад Додиќ и неговото делување за кое упати остри критики. Тој рече дека ќе се продолжи со санкционирање на ваквите акции и повика на одговорност на секој кој го поткопува Дејтонскиот мировен договор.

Повика на интензивирање на напори на сојузниците и најави зајакнување на силите на ЕУФОР и Алтеа на терен.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе