Вести Македонија Најважни

Владата најави седница за одлуката за Иловица, но заборави дека министерот Бектеши е на службен пат во Америка

Неизвесно е дали ќе се одржи најавената седница на владата на која министерот за економија Крешник Бектеши треба да го објасни носењето на одлуката за спојување на концесиите за Иловица.

Иако најавена за денеска не би можело да се одржи од практични причини, бидејќи министерот Бектеши е на службено патување во САД.

Меѓувреме од Влада нема одговор на бројните дилеми во јавноста по изјавите на дел од министрите дека биле измамени во конкретниот случај меѓу кои и прашањата што ги постави Телма: Како е тоа можно кога согласно сите процедури од министерството за економија, ставот за спојување на концесиите бил објаснет на меморандум од 10 страни.

Од Влада нема одговор и на прашањето каков бил ставот на Секретаријатот за законодавство кој според деловникот на владата морал да даде толкување на одлуката на Управниот суд, ниту кои биле заклучоците на двете комисии за економија и правни прашања кои го разгледувале меморандумот доставен од Министерството за Економија.

Инаку според информациите на Телма од страна на Министерството за економија до владата бил испратен меморандум од 10 страни во кој детално бил објаснет ставот и толкувањето за пресудата на Управниот суд која беше основа за спојување на концесиите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе