Вести Македонија Најважни

Македонија со температури над 40 степени, работниците се жалат дека не се почитуваат препораките

Македонија и во наредните денови ќе остане во портокалова фаза, поради високите температири од над 40 степени, кои според прогнозите ќе траат во наредните десет дена, сè до 25 јули.

Остануваат да важат препораките за најранливите категории. Бремените жени и лицата над 60 години се ослободени од работа, а децата во градинките не смеат да се надвор од 11 до 17 часот… Високите температури влијаат не само на хронично болните, туку и на здравите луѓе кои се жалат на проблеми со крвниот притисот. Докторите апелираат до граѓаните на топлото време да не излегуваат од дома без вистинска потреба , но и да внимаваат при употребата на клима уредите зашто врз крвниот притисок негативно влијаат поради наглите температурни разлики. Од вчера на сила е и забраната за движење низ шумите, односно низ националните заштитени подрачја Јасен, Маврово, Попова Шапка и Пелистер. На подрачјето на Водно, каде нема забрана за движење, се предвидени редовни контроли.

A трудовиот инспекторат е на терен и издава решнија за забрана за работа во најтоплиот период од денот. Работниците се жалат не се почитуваат мерките за заштита од пеколните температури.

47 фирми, во најголем дел градежни добиле Решенија за забрана за работа во периодот од 11 до 17 часот, затоа што  и покрај препораките на Владата работеле во тој период, непочитувајќи ги мерките. Во периодот од 13 до 16 јули направени Државниот инспекторат за труд извршил 272 инспекциски надзори, 195 од нив се   вонредни и 77 контролни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе