Вести Македонија Најважни

Вајмарската тројка до опозицијата – дали навистина сакате Македонија да ја испушти шансата

Вајмарската тројка – Германија, Франција и Полска со порака до политичките елити во земјава да покажат високо чуство на одговорност и да ги поддржат амбициите на Македонија за продожлување на европскиот пат. Министрите за Европа на Германија и на Полска, Ана Лирман и Шимон Шинковски вел Сенк, како и државната секретарка задолжена за Европа на Гранција, Лоранс Бун, денеска ја продолжија мисијата на тројката Австрија, Чешка и Словачка од четвртокот за убедување на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и дел од македонската јавност дека уставните измени се единственито чекор кој ќе го продолжи патот на земјава кон ЕУ, но и дека на тој пат нема да има нови бугарски барања.

Во оваа фаза, можеби уште една работа што сакам да ја кажам од наша страна, е дека оваа дискусија околу Уставот нема да повлекува нови барања од Бугарија, автоматски Северна Македонија ќе се најде на патеката на пристапување потоа. Значи нема никакви дополнителни барања од ниедна друга земја, рече Лоранс Бун, државна секретарка за Европа на Франција.

Откако Бун испорача три пораки со кои допатувалЕ во земјава – дека Македонија припаѓа во ЕУ, дека одлуката сега е во рацете на Македонија и третата, оти сега треба да се направи чекор за да се прошири Унијата, германската министерка Лирман се обрати на македонски јазик: „Среќна сум што сум овде во Скопје по четврти пат“,  за да покаже колкава е поддршката на Германија, но и на тројката за европската иднина Македонија. Сепак таа беше многу јасна во испраќање на пораките до политичарите.

Цврсто ги поттикнувам сите политички сили во Северна Македонија да го поддржат менувањето на Уставот и да ја поддржат подобрата и попросперитетна иднина за Северна Македонија и македонскиот народ. Се други ќе биде штетно за амбициите за членство во ЕУ, порача Ана Лирман, министер за Европа на Германија.

Лирман која посочи дека прозорецот на можности за прошриување на ЕУ е отворен при што побара чуство на лидераство од македонските политичари, како што рече, дошла и со јасна порака до опозициските партии, дека ако ја сакаат Македонија во ЕУ, можноста е сега. Таа рече дека има и прашање за нив.

Сега е времето за следните чекори во процесот на пристапување. Нема време за чекање. И сите членови на опозицијата ќе ги прашам каква е вашата идеја за иднината на земјата? Дали навистина сакате земјата да ја пропушти оваа уникатна можност да се приклучи кон оваа заедница на просперитете на ЕУ. И јасно е дека возот на процесот на пристапување и проширување се движи многу брзо и ако Северна Македонија не се движи со уставните зимени ќе го пропушти возот, и пораќа на опозицијата Лирман.

Ниту еден од тројцата претставници на Германија, Франција и Полска денеска не реферираше директно до ВМРО-ДПМНЕ во повиците да се искористи моментот и да се донесат уставните измени и оти договорот на ЕУ со Македонија е добар и нема да има нов, иако директно од средбата со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Мариќиќ, кој е нивен домачин тие заминаа на средба во седиштетот на ВМРО-ДПМНЕ со Христијан Мицкоски. Во тој стил беше и пораката испратена и од полскиот министер.

Сега се се наоѓа во рацете на македонската политичак класа. Договорени се измени на Уставот меѓу Северна Макеоднија и Еу што ќе ви овозможат да преминете кон следниот чекор, пресуден чекор, кон членство во ЕУ, прача Шимон Шинковски вел Сенк, министер за ЕУ на Полска.

Заедничката порака која ја повторија сите тројца претставници на најголемите и највлијателни држави во Европската унија, Германија, Франција и Полска, беше дека ја сакаат Македонија во Унијата.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе