Вести Македонија Најважни

Тренчевска: Коалицијата СДСМ-ДУИ не е загрозена поради рудникот Иловица

Коалицијата СДСМ-ДУИ не е загрозена поради рудникот Иловица, смета министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Таа вели дека Владата има консензус околу генералните политики и важноста на земјоделството за државата. Потврди дека на утрешната владина седница ќе се преиспитува одлуката за спојувањена концесиите за рудникот, и го повтори ставот дека се против отворање на рудници.

И министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, вели дека го дели ставот на мнозинството граѓани. Тој дури на новинарите се обидуваше да им објасни дека ниту една одлука што се однесува на рудникот кај Иловица не е поврзана со министерството за земјоделство.

Во меѓувреме, за политичките партии најважное прашањето кој ја долелил концесијата за рудникот кај Иловица. Во саботата пред протестот на активистите во Струмица, министерката Тренчевска ги повика на одоговорност ВМРО-ДПМНЕ, но од партијата денеска ја префрлаат топката кај СДСм и ДУИ. Нивната влада во 2006 велат од ВМРО-ДПМНе ја потпишала прватa концесија за рудникот.

Утре министерот за економија ќе мора да им образложи на колегите во Владата зошто точката за спојување на двете концесии е ставена како дополнителна и воопшто е изгласана, кога управниот суд  не донел таква одлука. Според ИРЛ тој ги измамил колегите презентирајќи дека спојувањето на концесиите е на барање на Управниот суд.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе