Вести Македонија Најважни

Од денеска забрана за движење низ шуми, национални паркови и заштитени подрачја – Македонија во портокалова фаза

Македонија и во наредните денови ќе остане портокалова фаза, поради високите температири од над 40 степени, кои ќе траат во наредните десет дена, сè до 25 јули. Остануваат да важат препораките за најранливите категории. Бремените жени и лицата над 60 години се ослободени од работа, а децата во градинките не смеат да се надвор од 11 до 17 часот. Од денеска важи и забраната за движење низ шумите, односно низ националните заштитени подрачја Јасен, Маврово, Попова Шапка и Пелистер. На подрачјето на Водно, каде нема забрана за движење, се предвидени редовни контроли.

Високите температури влијаат не само на хронично болните, туку и на здравите луѓе кои се жалат на проблеми со крвниот притисот. Телефоните во диспечерската служба на Итната помош примаат различни повици, а имаат три до шест интервенции во смена, велат од оваа здравствена установа.

Обајснуваат дека најчесто се работи за низок крвен притисок  како резултат на препотување, губење течности од организмот и од поголема изложеност на надворешната температура. Докторите апелираат до граѓаните на топлото време да не излегуваат од дома без вистинска потреба , но и да внимаваат при употребата на клима уредите зашто врз крвниот притисок негативно влијаат поради наглите температурни разлики.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје

Дејан Дејан

Почна предизборниот молк- денеска гласаат затворениците, болните и изнемоштени лица и дијаспората

Дејан Дејан

(Видео) Страотна сообраќајна несреќа утрово на Партизанска во Влае

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе