Вести Македонија Најважни

Камерите ги снимиле убијците во кола, а не на мотор – две жени очевидци на убиството на Бајрами во Грција

Се движеле и своите жртви ги демнеле со возило на странски регистарски таблички. Не се довезле со мотор, како што првично пишуваа грчките медиуми. Полициската истрага која е во полн ек на Халкидики фрла ново светло на убиството на македoнскиот бизнисмен со мафијашки конекции во земјава. Нови информации од истрагата говорат дека полицијата има видео снимка од возилото што го користеле напаѓачите.

Според ЕРТ, безбедносните камери снимиле патнички автомобил со странски регистарски таблички пред и по убиствениот напад, во близина на вилата во која престојувал сека убиениот Орхан Бајрами. Според полициски извори, возилото што го користеле извршителите на убиството не ги минало границите на државата.

„Возилото не минало низ ниту една гранична станица, па се вршат опсежни претреси за негово лоцирање во Грција“, велат истите полициски извори.

Сепак, останува сомнежот дека напаѓачите се ослободиле од возилотто со кое го извршиле убиството и границата ја минале на некои од дивите премини или со друго возило. Грчките полицајци сега на располагање ги имаат изјавите од двете жени очевидци на ликвидацијата. Токму тие почнале да викаат напомош и повикале 112, а потоа заедно со третото лице ги однеле двајцата застрелани во Здравствениот дом Касандра.

Кога пристигнале првите полицајци, жртвите веќе биле пренесени во Здравствениот дом. Според последните информации, двајцата сторители, откако излегле од автомобилот го прескокнале ѕидот, стасале пред големиот стаклен прозорец и со пиштол калибар 32 милиметри од надвор пукале кон лицата во куќата. Испукале 19 пати, 39-годишниот маж бил смртно ранет од истрелите, а неговиот 45-годишен пријател е тешко повреден.

Информациите говорат дека со месеци во Скопје се води војна меѓу криминалните групи на подземјето, при што групата на Бајрами е цел на ривалска мафијашка група. Всушност, како што тврдат полициски извори, 39-годишниот всушност се криел во Грција знаејќи дека тој е следната цел.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе