Двајца македонски државјани се застрелани, а еден им подлегнал на повредите рано утрово во туристичко место во Ханиоти, Халкидики.
Убиството според пишувањата на грчките медиуми се случило во 3 часот и 30 минути по полноќ.
Според очевидци на настанот, две непознати лица со качулки на мотор се приближиле до изнајмената соба во која престојувале сега починатиот и повредениот и пукале во нив.
По нападот двете лица биле пренесени во болница, каде била констатирана смртта на еден од застреланите додека другото лице е хоспитализирано.
Според првичните информации станува збор за лицата Б.О. (39) кој е убиен и С.С (45) годишна возраст.
Повреденото лице е хоспитализиран во болницата Полигирос.
Локалната полициска управа спроведува прелиминарна истрага.
