Пораката е едноставна и јасна. „Ако не се донесат уставните измени Македонија се соочува со опасноста да биде изолирана“. Ја испрати високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) Жозеп Борел, а во земјава ја донесоа и испорачаа тројца министри за надворешни работи на Австрија, Чешка и Словачка.
„Ако не се донесат уставните измени и ако не продолжи да оди по европскиот пат, Северна Македонија се соочува со опасноста да биде изолирана. Штом ќе почнат преговорите, тоа е неповратен процес. Осумнаесет години земјата чека да дојде до овој момент, сега ви останува само да го искористите овој момент, да се биде политички одговорен, да се имаат националните интереси пред се, а не партиските интереси“, изјави Шаленберг.
Од Скопје тој испрати порака и до Софија.
„Надминете ги билатералните прашања и исто така почнете да размислувате стратешки“, додаде шефот на австриската дипломатија.
Словачкиот министер , пак, во својот говор охрабри, поттикна, и одново ја посочи годината 2030-та, земјата да стане членка на Унијата по што ќе почувствува и раст на економијата и бруто домашниот производ. Прашан, домаќинот на дипломатската тројка отфрла вето од Софија.
„Нема други предуслови, освен веќе постојните патокази и акциски план“, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Фокусот на посетата се уставните измени од кои нема бегање, ниту трета опција, порака која мора да ја разбере опозицијата.
Ако дошле да зборуваме за уставни измени тоа е навреда. Треба да зборуваме за школство, здравство, криминал и корупција. Ништо непознато за нас се овие дипломатски офанзиви. Прашан, лидерот на опозицијата не стравува од притисокот за уставните измени.
Вишеградската група е во дипломатска офанзива, донесе јасни пораки во земјава, но со што ќе врати назад как одогвор ќе зависи од долгите разговри со лидерто на опозацијата, и пратениците во сорбанието. За да може Македонија да продолжи преговорите со Европската Унија, потребно е по завршувањето на скринингот до ноември годинава да се вметнат Бугарите во Преамбулата со што на Втората меѓувладина конференција ќе се отвори и првиот кластер од преговорите.
Павле Беловски