Вести Македонија Најважни

Трагите од крв се исчистени од асфалтот, но не и одговорноста – ОЈО отвори истрага за возачот на багер од Грчец

42-годишниот жител на Грчец кој вчера со багер усмрти жена, сега е главен протагонист во истрагата.

Обвинителството нареди спроведување на истражна постапка. Постојат сомнежи за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

До судот е поднесен и предлог за забрана за напуштање на живеалиштето, лицето повремено да се јавува кај надлежен државен орган, а одземени му се пасошот и возачката дозвола додека да се води постапката, соопштуваат од ОЈО.

Кривичниот суд ги прифати препораките од обвинителството.

Осомничениот управувал мобилна машина без да се придржува кон прописите на јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето. На обележан пешачки премин со машината удрил во телото на една жена-пешак, која од ударот се здобила со тешки телесни повреди и починала, соопштија од ојо.

На овој пешачки на улицата „Јордан Мијалков“ во најстрогиот центар на градот, вчера згасна животот на 66-годишна скопјанка.

Набрзо беа исчистени крвавите траги од асфалтот, но со тоа не се избриша одговорноста.

На потег се институциите да ја лоцираат истата, смета Милан Петковски од Здружението за заштита при работа.

Најпрво, дали самата градежна машина имала дозвола да учествува во сообраќајот?! Клучното е во тоа дали всушност истата била регистрирана како и секое возило кое го регистрираме на годишно ниво? Второ, дали човекот кој ја управувал оваа машина и бил овластен тоа да го прави?! На крајот, доаѓаме до една многу суштинска работа – дали всушност било предвидено од самиот работодавач, за една таква градежна машина да се движи по самите сообраќајници во градот Скопје, рече петковски.

Има „сива зона“ кога се зборува за почитувањето на законите и прописите од страна на градежните компании, анализира Петковски. Искуството покажало дека има такви коишто не ги почитуваат истите.

Вчерашната несреќа се случи надвор од работното место. Но, нечија градежна механизација директно учествуваше во трагедијата и затоа сега треба да се побараат одговорите од сите страни.

Семејството на починатата да побара правна заштита, да се избори за своите права. Работодавачот да си се подготви и тоа добро, да си го прочита Законот за безбедност и здравје при работа и нека дојде во ситуација да види за што потенцијално би можел да биде товарен. Самиот негов оператор, самиот негов вработен би требало да биде запознаен односно обучен и квалификуван да управува со тоа моторно возило. И би требало да биде систематски, здравствено прегледан дека тој психофизички одговара на тоа работно место, додава петковски.

Несреќата предизвикана од багеристот се случи вчера претпаладне, на оваа фреквентна локација и во близина на неколку градилишта.

Според официјалното полициско соопштение, багерот удрил во жената, а итната медицинска помош пристигнала веднаш, но само за да констатираат смрт.

Петар Догов

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе