Вести Македонија Најважни

Вардар поплави делови во Раотинце – 15-тина објекти и земјоделски површини под вода

Поплавени се 15-тина објекти во селото Раотинце, а земјоделските површини се преполни со вода, што се случува вторпат месецов. Мештаните велат дека сега веќе доцна е повторно да ги посеат. Штетите се огромни.

„Цело наше поле е под вода. По втор пат е сеано со пченка, веќе нема време да се сее. Целата ливада, љонџа што косевме, сѐ е тоа фрлено. Стоката нема што да јаде“, вели Флоре Митревски, жител на село Раотинце.

„Имам 20 декари поплавени ниви. Вторпат сеани со пченка, еве сега третпат, но третпат не ги сееме веќе. Не паметам во мојов живот вакво време да биде во овој месец“, изјави Славко Тасевски, жител на село Раотинце.

Најкритично било во текот на ноќта, кога водостојот на Вардар се зголемил дополнително.

„Синоќа беше доста критично. Сега нивото се држи на исто ниво. Така што се зависи од временските услови. Ако временските услови задржат да биде топло, се надеваме дека водата ќе се намали“, смета Васко Јанчевски, претседател на МЗ Раотинце.

Освен во Раотинце, земјоделски површини се поплавени и во населените места Копанце, Туденце и Јегуновце. Допрва ќе се прави проценка на штетите. Градоначаникот бара помош од државата.

„Ние како општина ќе излеземе на терен, ама би апелирал еве преку вас медиумите, Владата и Второстепената комисија да најде можност да ги обештети, бидејќи реално општината, по затворањето на Југохром овие места кои гравитираат во Јегуновце се занимаваат со земјоделие затоа се погодени максимално“, истакна Димитар Костадиновски, градоначалник на општина Јегуновце.

Со години се чека на регулирање на речното корито на Вардар и негово чистење, за што е изготвен проект, но и покрај многубројните досегашни ветувања нема никаква реализација на терен.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе