Вести Најважни Свет

Вучиќ: Се плашам дека го преминавме Рубикон, тешко дека ќе се вратиме во нормала

На раскрсница сме дали ќе имаме мир или не, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, коментирајќи го новото заострување на кризата на северот на Косово. Во интервју за националниот српски сервис, Вучиќ зборуваше за тоа како се создаде новата криза која го тресе северот, и прстот го впери во косовскиот премиер.

Се наоѓаме на раскрсница дали ќе имаме мир или не, и тоа не благодарение на нашата намера да немаме мир, туку благодарение на еден човек кој сака да предизвика војна или конфликт на целиот Балкан. Станува збор за Албин Курти претставник или премиер на привремените институции и веќе немам сомнеж во тоа. Се плашам дека го преминавме Рубикон и ќе биде тешко враќањето во нормала, за за што Србија ќе даде се од себе, изјави Вучиќ. 

Српската полиција денеска уапси тројца косовски специјалци, за кои тврди дека биле вооружени до заби со автоматски пушки, во полна борбена опрема, со уреди за локации и мапи. Според тврдењата на Србија уапсените го преминале административниот премин и биле навлезени на српска територија од речиси два километри.

Но, од косовската полиција известувааат дека полицајците се киднапирани, откако биле на должност и ја известиле базата дека забележале вооружени и маскирани лица, на граничниот премин.

Косовската полиција сака да нагласи дека единицата за патролирање на граничната полиција имала службена должност на фиксна точка на местото наречено Тресаве, или Баре, длабоко на територијата на Република Косово. Тие ја извршуваа својата службена должност да спречат илегален премин, соопшти Баки Келани, портпарол на косовската полиција

За Курти, Србија се одмаздува за апсењето на Милун Миленковиќ – Луне, кој според него е криминалец и е еден од организаторите на нападот врз членовите на КФОР на 29 мај. Курти тврди дека ова е чин на српска агресија.

Влегувањето на српските сили на територијата на Косово е агресија и има за цел ескалација и дестабилизација. Бараме итно ослободување на тројцата киднапирани полицајци и ги повикуваме меѓународните фактори да го осудат овој српски чин на агресија, порача Курти. 

 Белград негира дека влегла на територија на Косово и подготвени се да ги понудат сите докази, додаваат дека уапсените се терористи кои со опасна намера тргнале кон централна Србија.

Ние сме апсолутно подготвени да ги понудиме сите докази и повикуваме ако е потребно да се отвори и меѓународна истрага, па дури и Американците и Британците да ги достават своите снимки од сателитите на кои јасно се гледа она што го говориме, а тоа е дека српската полиција ниту милиметар не премина преку административната линија, изјави  АЛЕКСАНДАР ПЕТКОВИЌ, ДИРЕКТОР НА КАНЦЕЛАРИЈА ЗА КиМ

Како одговор на денешниот инцидент Косово го забрани увозот на стоки од Србија за што српскиот претседател рече дека такво нешто не е можно бидејќи слободната трговија ја гарантира ЦЕФТА, чиј член е и Косово. како и другите европски регулативи.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе