Вести Македонија

Трикафта заглавена во триаголникот Влада-здравство-финансии – 30 пациенти со цистична фиброза сè уште чекаат лек

Ветувањето за набавка на лекот Трикафта за пациентите со цистична фиброза остана само ветување. На нивната последна средба во Министерството за финансии пред месец и половина им било кажано дека чекаат одговор од Владата за лекување на 30 пациенти. Министерствата за здравство и за финансии ги пробија роковите, а ветувањето остана нереализирано. Додека постапката за набавка на лекот Трикафта заглави во институционалните лавиринти, пациентите водат борба за својот живот.

Деновите ги поминуваат со надеж дека нивната здравствена состојба нема нагло да се влоши и ќе успеат да го добијат лекот. Бараат од надлежните побрзо да делуваат и да не дозволат да има уште една трагична судбина како онаа на Благојче, кој почина на 45 години чекајќи го лекот.

Еден од надлежните од кој се бара одговор за набавка на лекот, министерот за финансии Бесими се изненади од ваквото прашање.

Во Собранието пратениците се согласија да ги ослободат од плаќање патарини и патни такси пациентите со цистична фиброза и нивните семејства. Оваа одлука ја поздравија и од Асоцијацијата за цистична фироза кои остануваат на ставот – Трикафта за сите.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Американците денеска со Украинците, утре со Русите – нова рунда на мировни преговори во Саудиска Арабија

Дејан Дејан

Трамп сака да нè скрши, за Америка да нè поседува – канадскиот премиер распиша вонредни избори на 28 април

Дејан Дејан

Дезинформации и деманти за студентските протести за Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе