Вести Македонија

Бугарско МНР: Во Струга нападнат копретседател на бугарски клуб во Македонија- Софија испрати свој претставник

Бугарското министерство за надворешни работи добило информација дека во текот на вчерашниот ден бил извршен напад врз копретседателот на здружението на Бугарите во Македонија „Шемето“, Бекир Кадриески жител на селото Лабуништа.

Од таму информираат дека по информациите за инцидентот во Струга веднаш бил испратен вработен во Генералниот конзулат во Битола, за да го расчисти случајот и да се установи дали овој инцидент има етничка позадинa.

Кадриески, за „Нова.бг“ изјавил дека бил соборен на земја, удиран со клоци и навредуван по етничка основа со зборовите „валкан Бугарин“.

Како што пишува бугарскиот портал, Кадриески е државјанин на Република Македонија, и иако не поседува бугарски пасош, неговиот став е дека има бугарски идентитет.

Со осуда за настанот се огласи и партијата ГЕРБ на Бојко Борисов од каде експресно оценија дека станува збор за „неиспровоцираното насилство“.

Потврда за инцидентот има и од СВР Охрид од каде велат дека работат откривање на сторителот и мотивот, како и дека лицето кое било нападнато веднаш по инцидентот е хоспитализирано во локалната болница.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе