Вести Македонија Најважни

Кој ќе биде разочаран, а кој демотивиран? Нова тура лидерски толкувања…

Откако со денови толкуваа кој што кажал по лидерската средба, сега се препукуваат за тоа, кој  ќе биде разочаран, а  кој демотивиран ако не се прифатат предлозите на другиот. Дебатата за уставните измени продолжува, но преку медиумите.

Опозицијата, пак, бара да се прифати еден од нивните предлози, со што велат дека, на бугарската страна ќе и` се земе од раце алатката за уцени и ќе ја мотивираат да ја забрза нашата евроинтеграција.

Од оваа партија тврдат дека, одложената примена на уставните измени, не е кршење на преговарачката рамка. Но, Од Алијанса за Албанците не се согласуваат со оваа констатација.

Таравари смета дека, размената меѓу двете најголеми македонски партии со понуди и контрапонуди за гласање на уставните промени, директно влијае и на интересот на Албанците. До крајот на неделата ќе одржат состанок на раководството, по што ќе излезат со усогласен став во партиските органи за новонастанатата ситуација.

Далиборка Демјанска Цветановска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мора да ја спречиме Европа да влезе во војна со Русија, Унгарците нема да гинат за другите – Орбан од маршот за мир во Будимпешта

Дејан Дејан

Немаме план Б во случај на пораз на Украина – естонската премиерка Каја Калас за „Би-Би-Си“

Дејан Дејан

Оштетени насипи, прекин во сообраќајот, евакуација на луѓе – поројни дождови предизвикаа поплави во јужна Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе