Вести Македонија Најважни

Поддршка за Јовев, критики за Меџити – јавноста со реакции за смената на директорот на Кардиохирургија

Личноста што ги предводеше сите трансплантации на срце во нашата држава, спаси и продолжи безброј човечки животи е разрешена од надлежните. Професорот и целиот тим, што е покрај него, по ова ќе продолжат со кариерите некаде каде што ќе ги ценат, некаде каде што ќе ги почитуваат, некаде многу далеку од нашава Македонија. Тука нема да остане стручно лице кое ќе знае да го одржува срцето на татко ми во живот, срцата на сите трансплантирани, срцата на оние кои чекаат трансплантација, ако воопшто ја има во иднина, гласи Фејсбук реакцијата на Елеонора Димовска, чиј татко бил подложен на трансплантација на срце кај доктор Сашко Јовев на државната Кардиохирургија.

„Проф. д-р. Сашко Јовев, до пред некој час директор на Кардиохирургија, е најуспешниот кардиохирург на нашиве простори, па и пошироко. Личноста која ги предводеше сите трансплантации на срце во нашата држава, спаси и продолжи безброј животи, е таа личност денес е разрешена од страна на надлежните. Пред девет месеци беше направена последната трансплантација на срце, а личноста која го прими срцето беше мојот татко. Од една страна за жал, а од друга за голема среќа долг, секое утро по неколку часа поминувавме во просториите на државната кардиохирургија и сведочевме на ангажираноста на професорот, сведочев дека ниту еднаш не пропушти визита, немаше момент некој од пациентите да го побара, а тој да не е присутен, но по зборовите на надлежните, можеби и операцијата на татко ми од дома ја правел, не работел ништо 10 години. Познавајќи го професорот, и целиот тим кој што е покрај него, по ова ќе продолжат со нивните кариери некаде каде што ќе ги ценат, некаде каде што ќе ги почитуваат, некаде многу далеку од нашава Македонија и тука нема да остане стручно лице кое ќе знае да го одржува во живот срцето на татко ми, срцата на сите трансплантирани, срцата на оние кои чекаат трансплантација, ако воопшто ја има во иднина“, пишува, меѓудругото, во објавата на Димовска на Фејсбук.

Злоупотреба на работното време и внатре во менаџирањето, пак, гласеше образложението за смената на директорот на државната Кардиохириргија што го даде министерот за здравство, Фатмир Меџити во интервју за ТВ 24.

„Ако сакаме да имаме силна држава, мора да имаме и силно здравство. Не навлегувам во стручноста на професорот Јовев. Ова е менаџирање на клиниката. Во случајот стануваше збор за злоупотреба на работното време и внатре во менаџирањето. Има извештај за тоа зошто е разрешен. Имаше разрешување и во Тетово за неприсуство на работното место. Немаме луксуз за такво нешто. Такви директори нема да дозволиме“, рече Меџити.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Отворил боледување, а одмора во странство – со анонимни пријави ќе се воведува крај на лажните отсуства од работа

Kristina Kuzmanovski

Над 20 случаи во Грција со вирусот Западен Нил

Kristina Kuzmanovski

Без дозвола зел возило на „Црвен Крст“, каде што волонтирал и удрил во повеќе паркирани возила

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе