Вести Македонија Најважни

Условна казна за поранешните директори, ослободителна за докторот – соопштена пресудата за модуларна болница

18 месеци условна казна затвор изрече судот за поранешните директори на тетовската болница Флорим Бесими и Артан Етеми, за судскиот предмет поврзан со пожарот во модуларната болница.

Тие беа прогласени за виновни дека сториле кривично дело „тешки дела против општатата сигурност“, додека на правното лице Клиничка болница за „предизвикување општа опасност“ му беше изречена парична казна. Ослободителна пресуда за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ добија докторот Бобан Вучевски и правното лице.

Оштетените, пак, за своите оштетни побарувања се упатуваат на спор.

Судијата образложи дека прво и второобвинетиот не се обвинети за предизвикување пожар, туку затоа што направиле пропуст, односно и покрај тоа што требало да постават противпожарни апарати, тоа не го сториле.

За третообвинетиот, според судијата, Обвинителството не докажало дека го сторил кривичното дело, немало доволен број на докази дека бил раководител, но и на влезната врата стоел натпис забранет влез за надворешни лица.

„Согласно членовите 35, 33 и 39 од Кривичниот законик на обвинетите Флорин и Артан им се утврдува казна затвор од по 1 година и 6 месеца. Согласно член 49 и член 50 од Кривичниот законик им се изрекува условна осуда. Утврдената казна затвор нема да се изврши долколу обвинетите, секој за себе, во време од 3 години не сторат ново кривично дело. Согласно член 96 а, 96 ѓ, 96 е, правното лице се осудува на парична казна во висина од 1 милион денари. Обвинетите Бобан Вучески и ЈЗУ Клиничка болница Тетово се ослободуваат од обвинение согласно член 403, став 3.1. од ЗКП“.

Етеми не беше присутен, додека Бесими најави жалба до Апелација, затоа што, како што рече не ја разбира пресудата.
„Ниту сум изведувач, не сум бил надзор, ниту сум ја примил, што постои во документите. Не сум потписник. Само знам дека сим обвинет за ПП-апарати – дали имало или немало, тоа во текот на судскиот процес го кажаа сведоците. Мене ми останува да се спротивставам на пресудата и да го барам правото во повисоките судски институции“ – изјави Бесими.

Ослободителната пресуда за доктор Бобан беше поздравена со аплауз од присутните граѓани кои и денес дојдоа да го поддржат. Тој рече правдата е задоволена.

„Голема благодарност за сите роднини, пријатели, кои целиот кои не дозволија да останам сам. Благодарност до адвокатскиот тим, кој ме поддржуваше и ми даде сила да го спроведеме овој процес како што треба. Благодарност за правдата што излезе дека јас како доктор сум бил со вас, а сега уште повеќе ќе бидам со вас“ – изјави Вучевски.

Во пожарот во модуларната болница во Тетово, кој се случи на 8 септември 2021 година загинаа 12 пациенти кои се лекуваа од ковид 19 и 2 лица придружба. Според вештачењата кои беа направени пожарот настанал како последица од електрична куса врска во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Пожарот се проширил многу брзо и целиот објект изгорел за само неколку минути.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно со сончеви периоди и локална нестабилност – Временска прогноза за 20.5.2024

Дејан Дејан

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе