Лидерска средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски ќе се одржи во среда во Клубот на пратеници во 11 часот, информираат од Владата.
На средбата, ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на Република Северна Македонија, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи.
„Се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да се надмине себеси и барем еднаш во овие 32 години независна Македонија ќе поддржат одлука која ќе овозможи државата да се интегрира во ЕУ, по интегрирањето во НАТО. Заклучоците се едноставни, на една страна има интеграција на Македонија, а на другата страна изолација“, рече Ковачевски.
