Вести Македонија Најважни

(видео) Адвокатот на напаѓачот на Пендиков се сомнева дека и судот е под притисок за брзо да донесе пресуда

Адвокатот Димитрија Цобoски кој го брани обвинетиот Илија Спасевски се сомнева дека и Судот во Охрид е под притисок за брзо да се донесе пресудата. По одлгањето на судењето, тој пред новинарите ја објасни својата постапка револтирано да ја напушти судницата откако од обвинителството беа доставени нови докази поврзани вештачењето на повредите на Пендиков, по што Цобоски побара одлагање, а судијата не го прифати неговиот предлог. Цобоски пред новинарите ги изрази своите сомнежи и претпоставува што е направено.

„Се јавува и проблем зошто толку брзо и на тој начин ја напушти болницата ‘Св. Еразмо’ која е позната болница и во фаза кога трбало да биде префрлен на хирургија во Скопје, наместо таму е однесен на аеродром и со владин авион на Бугарија е однесен во Бугарија“

Не велам дека ќе е политичка одлуката, за тоа сме ние тука бранителите, посочи адвокатот на обвинетиот. Тој додаде дека од доказите произлезе дека Илија Спасевски е виновен – ќе си одговара дека е виновен.

„Од еден случај ‘Пендиков’ се направи европски и меѓународен проблем. Истата вечер имало и друг настан каде бил претепан човек од повеќе извршители, бил повреден, никој не го спомена случајот ниту излезе на вести. Во самото обвинение стои дека обвинетиот Илија со Н.Н. (непознато) лице бил. Е, па, тоа Н.Н. лице кои повреди ги нанесе? Тоа ќе видиме“, рече адвокатот Димитрија Цобoски.

Христијан Пендиков застана пред македонски новинари, но адвокатот Стефан Карамишевски не му дозволи да одговара на прашања кои не се поврзани со здравствената состојба. Пендиков одново се пожали оти имал повреди. Наспроти претходните тврдења дека се плаши да се врати во Македонија, сега порача: „Не се плашам“. Кога новинарите го прашаа дали беше непходно од неговиот случај да се прави политика – тој се насмевна и одби да одговори.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 20 случаи во Грција со вирусот Западен Нил

Kristina Kuzmanovski

Без дозвола зел возило на „Црвен Крст“, каде што волонтирал и удрил во повеќе паркирани возила

Sonja Petrusevska

(Видео) Да трпиме за вода на овие температури во јули, ова го нема никаде – анкета меѓу гостиварци

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе