Вести Најважни Свет

(видео)Србите на Kосово се судрија со силите на КФОР, медиумите јавуваат за десетици повредени

Утринава ситуацијата на северно Косово е мирна, а припадниците на КФОР се уште се распоредени на терен откако вчера косовските Срби се судрија со нив, во обид да влезат во општинската зграда во Звечан.

За време на немирите силите на КФОР употребија солзавец за да ги одвратат во намерата, на што насобраните лица возвратиле со камења и шишиња.

53-ца се повредени од шок-бомби, солзавец и од удари. Тројца се во болница, а еден е во животна опасност и има прострелни рани.

Повредени се и околу 25 војници распоредени во мировната мисија. Неколку војници на италијанскиот и унгарскиот контингент беа цел на неиспровоцирани напади и се здобија со скршеници и изгореници поради експлозија на запаливи средства, пишува во соопштението на КФОР.

НАТО остро ги осуди нападите врз трупите на КФОР, додавајќи дека тие се целосно неприфатливи.

Шефот на делегацијата на ЕУ на Косово остро ги осуди насилните акции на демонстрантите во Звечан и повика на смирување на тензиите.

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа во телевизиско обраќање рече дека за инцидентите е виновен косовскиот премиер Албин Курти.

Тој ги обвини војниците на КФОР дека не ги заштитиле Србите на северот на Косво и дека не спречиле нелегално и насилно преземање на власта во општините со мнозинско српско населени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Угостителите во Гостивар преминаа на пакувана вода, пластичен прибор и хартиени чаши – утврди Агенцијата за храна и ветеринарство

Дејан Дејан

Им попречил пат, се заканувал и со нож им исекол гума од автомобилот – постапка против работник кој нападнал газди заради неисплатени дневници

Sasko Dimovski

Откако се скарале, татко без дозвола ѝ го зел 10-месечното бебе на сопругата во Гостивар и го однел во Швајцарија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе