Вести Македонија

И по неговата смрт 19 годишниот Мемет нема мир – не може да биде погребан без ДНК анализа, надлежните молчат

Мемет почина, а неговата судбина дека не можеше да добие лична карта и здравствена книшка за да се лекува, потикна само мали зраци на одговорност на надлежните инститиции. Мајка му го напуштила, живеел во семејството на вујкото, а не му давале лична карта затоа што немал имотен лист за куќата во која живеел а била дивоградба. И така почина како жртва на бирократско убиство. Од МВР пак за Телма се правдаат дека работат за да го променат законот.

Со донесувањето на законските измени се предвидени услови за пофлексибилен приод ранливите лица да можат на полесен начин да пријавуваат живеалиште, велат за Телма од МВР.

За тажната судбина на Мемет, одговорните избегнаа да дадат одговори на настаните каде ги видовме министерката за труд и министерот за здравство.

Македонското здружение на млади правници со години се занимава со ова проблематика како ранливите да добијат документи за да може да ги остварат своите права. На смртта на Мемет Камбер гледаат како на општествен неуспех, кој почнал на шалтер на МВР каде не му дале лична карта поради бирократските пречки.

Но бирократијата тука не застана. Телото на 19-годишниот Мемет се уште е во капелата во Бутел. Не може да биде предадено бидејќи Мемет немал ниту еден документ за идентификација. За да биде предадено телото на младата жртва, најблиски роднини со кои живеел мора да дадат примерок за ДНК анализа за да се докажат роднинските врски.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе