Вести Македонија Најважни

Се одмрзнуваат цените на основните прехранбени и хигиенски производи

Со летните температури се стопија замрзнатите цени во земјава. Од четврток (1 јуни) повеќе нема да важи мерката на владата за замрзнати цени на дел од земјоделски производи, но и за белиот и полубелиот леб, брашното, маслото за јадење, јајцата, оризот, тестенините, млекото и млечните проиозводи, а се одмрзнуваат и цените на хигиенските производи, како пелените, тоалетната хартија, влажните марамчиња, хигиенските влошки

„Согласно податоците што ги имаме ние како Министерство за економија, повеќето од производите се и пониско од нивото на замрзнаување кое сме го имале претходно. Ако во случај, од денот кога нема да важи таа одлука за замрзнување, има злоупотреба од страна на трговците, ние на дневна база ја следиме ситуацијата и секако дека ќе следат различни мерки“, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши.

Но одмрзнувањето на цените, вели Бектеши, не исклучува можност доколку се покаже како потребно да се активираат други мерки.

„Ви делот на различни мерки секако дека ние на дневна база ги правиме тие анализи и секогаш можат да се усвојат. Тоа ќе го направиме секако во соработка со стопанските комори“, вели Бектеши.

Земјоделските производи чии цени од 1 јуни ќе зависат од пазарните параметри на побарувачката и понудата, но и од увозната цена и од домашните дистрибутери, се доматот, краставиците, кромидот, зелената пиперка, карфиолот, бананите, портокалите, мандарините, лимонот, гравот, леќата.

Непродолжување на мерката за замрзнати цени на основните производи, како што објасни Бектеши, се должело, меѓу другото и на наглиот пад на инфлацијата во земјава, особено на прехрамбените производи. Очекувањето на министерството за економија е инфлацијата во јуни да биде под 10 посто, а Бектеши дури е оптимист дека вкупната инфлација за целата година ќе биде пониска од проектираната.

Инаку проценките на Народната банка се дека годинава инфлацијата ќе бележи забавување и сведување на едноцифрено ниво и ќе биде во интервал од 8 до 9 проценти.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ОН предупредуваат дека граѓанската војна во Судан е пред ескалација по една година судири

Дејан Дејан

Азески: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

Дејан Дејан

Во Молдавија на 20 октомври референдум за ЕУ и претседателски избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе