Вести Македонија Најважни

Универзитетот почна со прослава на своите патрони “Свети Кирил и Методиј”, на Телма вечер дебата на 6-те кандидати за нов ректор на УКИМ

(Фотографија на Андреј Бранковиќ, МИА)

По повод одбележувањето на 74-годишнината од основањето на Универзитетот и одбележувањето на Денот на светите Кирил и Методиј, денеска беше положено цвеќе на споменикот во универзитетскиот кампус во Скопје.

На настанот покрај ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, присуствуваа и декани, професори, како и други лица поврзани со Универзитетот.

Како уште еден дел од низата свечености за одбележување, коа започна во петокот ќе биде и вечерашната свечена академија во НУ Филхармонија, која ќе почне од 20 часот.

Денот на сесловенските просветители се одбележува ширум Македонија со озложби, литературни читања и културно-уметничко творештво.

На ТОП Тема на Телма вечерва ќе има соочување и дебата на 6-те кандидати за нов ректор на УКИМ. Емисијата е во 19:15.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Отворил боледување, а одмора во странство – со анонимни пријави ќе се воведува крај на лажните отсуства од работа

Kristina Kuzmanovski

Над 20 случаи во Грција со вирусот Западен Нил

Kristina Kuzmanovski

Без дозвола зел возило на „Црвен Крст“, каде што волонтирал и удрил во повеќе паркирани возила

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе