Вести Македонија Најважни

Мицкоски: Нема лева и десна Македонија, постои само една

На Обединување на народот и национално единство  повика претседателот на ВМРО ДПМНЕ од одбележувањето на празникот Св Кирил и Методиј во Охрид. Обединувањето според него е потребно за да не бидеме уценувани повеќе од никој друг а власта до сега ги одбивала сите негови повици за национално единство за важните теми за Македонците, рече Мицкоски

И сакам да порачам нема лева или десна, постои само една Македонија! Не постои понуда за брод на кој мораме да се качиме за ЕУ, во делови или целосно. Постои работа, труд, реформи и принципи кои мораме да ги направиме за да влеземе во ЕУ, необезличени и со достоинство. Не постои европски фронт за Македонија или проруска Македонија, постои само Македонија со иднина кои сами ја градиме, со европска перспектива кои сами мораме да ја оствариме“ – порача Мицкоски.

Светите браќа Кирил и Методиј  треба да ги слави цивилизираниот свет на кој му подарија слово, букви, писменост смета Мицкоски, но не се согласува со како што вели ирационалната политика на Бугарија која негира секаква наша поврзаност со овие свети браќа

„И во тие нивни негаторски политики не само што нема никаква историска поткрепа, туку се повеќе станува очигледно дека нема темел на кој се потпира оваа Македонија и народ кој не сакаат силно да го затресат…  И тука она што признавам дека не ме остава рамнодушен е тоа што нашите првенци од власта остануваа молчаливи во однос на многу отровни стрели и пропагандни пораки на источниот сосед“ –додаде Мицкоски.

Од црквата Света Софија, Мицкоски и со поддршка за МПЦ-ОА да не го менува Уставот без разлика на уцените.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе