Вести Македонија Најважни

Дали врховен судија и член на судски совет биле корумпирани- истрага има, но во скопско обвинителство откако тимот на Ислам Абази се прогласил за ненадлежен

Претставката за корупција која лани на крајот на годината стигнала во судскиот совет е жива, а за наводите во неа, дека врховен судија од Штип и член на судски совет земале корупција за судски предмети и „бирале“ кадри за Академијата за судии и обвинители, има најмалку две предистраги.

Обвинителството за Телма потврди дека претставката од Судскиот совет е препратена кај нив.

Прво е пратена во обвинителството за гонење на организиран криминал, но таму сметале дека не се надлежни и го препратиле на скопското обвинителство.

За еден дел од наводите е отфрлена претставката бидејќи тие конкретни посочени дејства не биле за кривично гонење.

-За еден дел од наводите изнесени во пријавата Основното јавно обвинителство Скопје веќе постапува во рамките на друг оформен предмет. За еден дел од изнесените наводи, пак, надлежниот јавен обвинител поднесе Предлог за решавање судир на надлежност до Вишото јавно обвинителство Скопје, бидејќи во претставката беа изнесени наводи кои упатуваат на  пријава за евентуални кривични дела „Примање поткуп“, „Давање награда за противзаконито влијание“„Примање награда за противзаконито влијание“ кои како кривични дела се во надлежност на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, одговори Јавното обвинителство.

Вишото јавно обвинителство досега не одговорило на предлогот, големиот корупциски предмет да се врати и да се работи во обвинителство за гонење на организиран криминал.

Во претставката која е објавена на сајтот на Судски совет е наведено дека врховниот судија „ врши притисоци и наплаќа за граѓански и кривични предмети“.

За членот на судскиот совет пак стои дека таа е главен кадровик за упис на кандидати на Академијата за судии и обвинители преку нејзин близок член на Комисијата. Како пример е наведено дека тој член на советот лобирал за кандидат кој имал извршено кривично дело „фалсификување на исправа“.

Текстот на претставката според веб сајтот на Судски Совет: Подносителот во претставката истакнува наводи за коруптивно поведение на судија на Врховен суд на РСМ и член на Судскиот совет на РСМ. Укажува дека против судијата сите судии од Апелационото подрачје Штип имаат поплаки за неговото работење, дека врши притисоци и наплаќа за граѓански и кривични предмети. Посочува дека членот на Судскиот совет е главен кадровик за идните кандидати за судии во Академијата за судии и јавни обвинители преку член на Комисијата за прием како нејзина продолжена рака. Наведува пример за лобирање за избор на кандидат кој има сторено кривично дело со фалсификување на исправа.Бара од Советот да го спречи самоволието на посочените судии.

Судскиот совет ја разгледал, но оценил дека нема јавен интерес во претставката бидејќи е анониман и ја архивирал. КОД ја објави содржината на ова сериозно кривично дело минатата недела, а по наводите на соговорниците во емисијата, новиот претседател на Советот реагираше и соопшти дека не се точни наводите дека тој е пријавениот член на Судски совет од претставката.

Реакција на Сашко Георгиев, претседател на Судски Совет на РСМ: Неспорно е дека постои анонимна претставка, но подвлекувам дека таа се однесува на други лица од друг суд, а не од штипскиот суд, со што свесно и злонамерно се злоупотребува моето име, алудирајќи дека „новиот претседател на Судскиот совет доаѓа од штипското подрачје“. Ве повикувам во интерес на вистината, како Редакција да направите увид во споменатата претставка, со цел да се уверите во веродостојноста на истата.

Иако претставката е со сериозни обвинувања за судска корупција; и судскиот совет и обвинителството за организиран криминал првично решиле да не се занимаваат со неа.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе