Вести Македонија Најважни

За амбасадорката Агелер критиките на опозицијата се за политички поени, ВМРО – ДПМНЕ бара објавување на договорот заради транспарентност и добро владењее

Опозицијата го критикува договорот со „Бехтел“ без аргументи, само за да добие политички поени, процесот од страна на Конзорциумот е целосно транспарентен и законски бидејќи тоа е начинот на кој компанијата „Бехтел“ работи а Коридорите 8 и 10 ќе бидат од огромна корист за граѓаните.

Ова е ставот на амбасадорката на САД, Анџела Агелер, даден во интервју за државната агенција МИА.

Тие во опозицијата, искрено без сите факти, критикуваат нешто за што немаат информација. Тоа го прават едноставно само за да бидат против Владата. Да, тоа е работа на опозицијата но истовремено сум целосно уверена дека процесот во кој е инволвиран „Бехтел“ е целосно транспарентен и законски бидејќи тие работат на тој начин. Разговорите продолжуваат, но мислам дека за жал има такви кои ќе застанат на патот едноставно за да заработат политички поени“, изјави амбасадорката Агелер.

Амбасадорката Агелер нагласи и дека Амбасадата на САД ги промовира американските компани и инвестиции во Македонија бидејќи тоа е од обостран интерес за граѓаните на двете држави.

„Јас пред се сум Американка, јас не гласам тука, јас немам политичка партија во Северна Македонија, јас не сум член на ниту една политичка партија. Како и да е јас сум многу проамерикански бизнис ориентирана. Ние во Амбасадата правиме се што е во наша моќ да ја помогнеме промоцијата на американските инвестиции тука, бидејќи тоа не е добро само за американските инвеститори и американските компании туку е и многу добро за граѓаните на оваа држава“, рече амбасадорката Агелер.

Од опозициската ВМРО – ДПМНЕ соопштија дека го ценат ставот на амбасадорката Агелер и начинот на кој ги штити интересите на САД и повторно побараа договорот да биде јавно објавен во насока на транспарентноста и владеењето на правото.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски соопшти дека сеуште не е исплатен вториот дел од авансот кон конзорциумот во висина од 50 милиони евра, а багерите кои беа поставени на свеченоста за Коридорот 10д вршат геомеханички истраги.

Кога ќе има конкретен проект за било кој од Коридорите нема одговор.

Во собраниска процедура се петте закони со европско знаме кои ги достави владата а кои се поврзани со договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на Коридорите 8 и 10-д

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе