Вести Македонија Најважни

Урбанизмот ни во ЕУ не поминува со европско знаменце, тврди опозицијата

Закон за урбанистичко планирање да се разгледува од комисијата за европски прашања за опозицијата е една од најскандалозните работи што досега се случиле во собранието.

Тврдат дека, надлежно матично работно тело за овој закон во секој Парламент во Европа е комисијата за урбанизам, транспорт и врски.

Милошоски тврди дека и од германската делегација со која вчера се сретнаа им кажале дека, темите како работни односи, урбанизам и експропријација ниту во Германија не се разгледуваат со европско знаменце.

Во одбрана, пратениците од владејачкото мнозинство го повторуваа ставот на американската амбасадорка, дека „Бехтел и Енка„ се сериозна компанија, велејќи дека и ова е сериозен проект.

Опозицијата и денеска упорно бара увид во договорот за градба, велејќи дека нив не ги интересираат деловните тајни на изведувачот, односно каков асфалт ќе стават, од каков тип е бетонот што ќе биде вграден, потеклото на арматурата и слично.

Бараат цена, по ставки и сумарна, динамика и рок на изградба, како и дали има двострани пенали, колку македонски фирми и работници се ангажирани и кои се условите за раскинување на договорот.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонското знаме, конечно, во кабинетот на Ахмети – амбасадорите му сугерирале, тој прифатил

Sasko Dimovski

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд – Временска прогноза за 24.7.2026

meteo

Осум милиони денари штета на буџетот – Финансиска полиција поднесе кривична пријава против управител и правно лице за даночно затајување

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе