Вести Најважни Свет

(Видео) Излеани реките Купа и Корана, врвот на водениот бран се очекува вечерва – Хрватска се бори со поплавени градови

Хрватска продолжува да се бори со жестоките поплави. Врвот на обилните дождови се очекува денеска, по најавата за пристигнување на голем воден бран од Словенија.

Откако за само 24 часа наврнаа 250 литри на метар квадратен, водостојот на реката Зрмања во Обровац достигна историски 302 сантиметри, што е дури 39 сантиметри над највисокиот водостој на Зрмања измерен во тој град. Тешка е ситуацијата и во Грачац. Вчера најкритично беше во Хрватска Костајница каде беше прогласена вонредна состојба, а реката Уна расте од час во час.

Борбата со поплавите се води и во Карловачкиот регион. Според проценките, максималните водостои на реката Купа во Карловац се очекуваат во текот на вечерта, а утринава беа измерени 826 сантиметри, што е 4 сантиметри под прагот за прогласување вонредна состојба. Реката Корана веќе се излеа од коритото.

Хрватскиот министер за внатрешни работи при посетата на Обровац рече дека климатските промени веќе се чувствуваат во земјата, која се соочува со поплави невообичаени за овој период од годината.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонското знаме, конечно, во кабинетот на Ахмети – амбасадорите му сугерирале, тој прифатил

Sasko Dimovski

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд – Временска прогноза за 24.7.2026

meteo

Осум милиони денари штета на буџетот – Финансиска полиција поднесе кривична пријава против управител и правно лице за даночно затајување

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе