Вести Македонија Најважни

Град Скопје: Мостот „Беласица“ е затворен како превентива заради вештачење -деканите, експертите и медиумите да не водат политичка агенда

Град Скопје со соопштение реагира против експертите, медиумите и како што ги нарекува – „неименуваните експерти“ и нивните дезинфорации и „паушални раскази“, кои според кабинетот на градоначалничката Арсовска, ја користеле ситуацијата за водење на политичка агенда со што не помагале за разрешување на ситуацијата.

Од суштинскиот дел на соопштението, се вели дека во овој миг се правело вештачење на состојбата со мостот „Беласица“, за да се утврди дали воопшто имало структурно оштетување.

Затоа, мостот бил затворен како превентива а во наредните неколку денови ќе се донесела одлука дали ќе се врати во употреба веднаш или пак ќе имало каква било интервенција пред да се стави во употреба.

Во продолжение ви го пренесуваме целосниот текст на соопштението:

Апелираме до јавноста, медиумите и оние кои сакаат да се нарекуваат експерти да не предизвикуваат паника во јавноста со паушални изјави кои не се базирани на никакви информации, вештачења ниту пак истражувања.

Во овој момент се работи вештачењето на состојбата со мостот „Беласица“ со цел утврдување дали воопшто има структурно оштетување.

Во моментот мостот е затворен како превентива, се додека не добиеме уверување од релевантните институции дека е безбеден или дека треба да се интервенира. Несериозно е од декани, неименувани експерти како и неименувани „извори“ да се предизвикува паника кај граѓаните.

Мостот „Беласица“ во овој момент се вештачи, а во наредните неколку денови ќе се донесе и одлука за тоа дали ќе се врати во употреба веднаш, или пак ќе има било каква интервенција пред да се стави во употреба.

Со ова, сакаме да ги демантираме и дезинформациите и паушалните раскази на медиуми кои ја користат оваа ситуација за водење на политичка агенда која на ниту еден начин не помага на разрешување на ситуацијата.

Мостовите во Скопје затворени – улиците полни

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Балансерот мора да остане, иако е злоупотребен од сите страни – Таравари во „Топ тема“

Дејан Дејан

Дипломатската потсекретарката на САД Елизабет Ален ќе допатува во Македонија, Србија, БИХ и Косово

Дејан Дејан

Таравари во „Топ тема“: Гледам светло на крајот на тунелот за уставните измени, до 2028 година можеме да бидеме и полноправна членка на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе