Вести Македонија Најважни

Договорот со „Бехтел&Енка“ има клаузула за тајност – Грковска вели дека таа клаузула обврзува

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска на денешниот брифинг со новинарите укажа дека договорот со „Бехтел и Енка“ има клаузула за тајност.

– Мојата прва изјава за тоа беше дека во принцип не гледам причина да не биде објавен, освен ако има клаузула што би можела да влијае на таквата одлука и дека ќе проверам дали има таква клаузула. Меѓутоа, таква клаузула постои, веднаш беше објавено од премиерот и беше информирана јавноста за постоењето на таква клаузула и дека таа нѐ обврзува во еден дел за таква мерка – рече Грковска на средбата со новинари.

Во однос на механизмот кој им стои на располагање – опомените за функционери кои го прекршуваат етичкиот кодекс и ја злоупотребуваат својата функција, Грковска нагласи дека без оглед за кого станува збор одлучуваат исклучиво врз основа на аргументите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Спасени две лица кои со „четвороцикл“ излетале во провалија на Шара

Дејан Дејан

Прв чартер лет на шпанска Ибериа на Скопскиот аеродром

Дејан Дејан

Министерот за правда Кренар Лога бара нова заклетва на Силјановска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе