Вести Македонија Најважни

(Видео) Анестезиологот Тик Токер доби затвор од 15 месеци – пред Судот призна вина

Петнаесет месеци затвор за анестезиологот Ваљтон Дервиш од Тетовската болница кој со својот мобилен телефон снимаше пациентки од одделот на Гинекологија, каде се прекинува бременоста, и видеото го објави на социјалната мрежа ТикТок. До правосилноста на пресудата ќе биде во домашен притвор. Пред судот, тој денеска призна вина и се извини за своето однесување.

Скандалот се случи на 14 април, а следниот ден анестезиологот беше разрешен од работното место, по што и Лекарската Комора му ја одзеде лиценцата за работа. Обвинителството му одреди осумдневен притвор и поднесе обвинение за две кривични дела: несовесно вршење на своите овластувања и тешко повредување на правата на пациентите.

Подоцна беше откриено и дека во два наврата не му била нострифицирана специјализацијата за анестезиолог. Во тетовската болница потврдија дека лекарот имал и други сериозни прекршоци на работното место, но бидејќи немало формирана дисциплинска комисија не биле преземени никакви постапки против него.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кина и Камбоџа се подготвуваат за заеднички воени вежби

Дејан Дејан

Каде ќе се прегласува на парламентарните избори – ДИК одлучува за приговорите

Desk

Експерти бараат формирање на сектор за борба против еколошки криминал од МВР

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе