Вести Македонија Најважни

15 месеци затвор за анестезиологот Тиктокер – ја признал вината и се извинил

Затворска казна од вкупно 15 месеци за Ваљтон Дервиши, анестезиолгот кој снимаше на генеколошкото одделение во тетовската болница и во живо на социјалната мрежа ТикТок објави видео во кое се гледаат пациенти и персонал.

Во тетовскиот Основен суд денес по одржувањето на главната расправа судијата донесе пресуда со која се прогласува за виновен за две кривични дела: Несовесно работење во службата, како и Неовластено снимање, со што на оштетените пациенти и вработените лица им ги повредил правата и им нанел поголема штета повредувајќи ја нивната приватност и углед.

За кривичното дело Несовесно работење во службата од член 353-в став 2 во врска со став 1, казна затвор од 1 година. За кривичното дело и Неовластено снимање по член 152 став 2 од Кривичниот законик казна затвор во траење од 5 месеци. Судот го осудува на единствена казна затвор во траење од 1 година 3 месеци, во која казна му го пресметува и времето поминато во притвор, од 14.4.2023 до денешниот ден, се вели во пресудата.

Дервиши ја признал вината и се извинил, поради што судот одреди куќен притвор до правосилноста на пресудата. По објавувањето на писмената пресуда е дозволена жалба.

Судот одлучи мерката притвор да му се укине и да се замени со друга поблага мерка, сметана од денеска до 60 дена. Во конкретниот случај преовладуваат олеснителните околности, дека истиот го пизнал делото, ветил дека во иднина нема да стори вакво или слично дело, се извинува, дека е лоша здравствена состојба, дека е татко на две деца и др, се вели во пресудата.

По објавувањето на видеото на ТикТок од одделението за киретажа во кое се гледаат пациентки и персонал кој им пружа помош, следеа низа остри реакции како од пошироката јавност, така и од институциите, по што тој беше отпуштен од работното место, а Лекарската комора донесе одлука одземање на лиценцата за работа во рок од 7 години, за етички прекршок во работењето.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе