Вести Македонија Топ вести

Владиката Петар со скандалозно велигденско послание, кое предизвика бура од реакции на социјалните мрежи

Лавина реакции на социјалните мрежи предизвика Велигденското послание на Владиката Петар во кое тој жестоко го нападна феминизмот, а за родовата еднаквост рече дека е изопачена и отровна идеологија. За оваа негова скандалзона изјава, јавноста бара реакција и од Синодот на МПЦ-ОА, но и од Владата.

Ако некој се уште мисли дека Црквата треба да има место во современто демократско општество и дека нејзините ставови треба да бидат релевантни во носењето политки, нека го гледа Владиката Петар како зборува за родовата еднаквост како изопачена, бидејќи без неа жените си биле мајки и домаќинки, беше смо еден од коментарите на неговата изјава.

Во своето видео обраќање, кое го подготвувал како одгвор на еден транспарент со вулгарна порака за Црквата што се појави на 8 мартовскиот марш пред повеќе од еден месец,  Владиката Петар вели дека пред појавата на феминизмот жените биле домаќинки,  а сега се еманципирани, но, се почесто разведени.

Во минатите векови, до феминизмот и еманципацијата на жената, таа била сопруга, мајка и домаќинка, а денес, таа е високо еманципирана со забележителни позиции во општеството, но, често и разведена и самохрана мајка. Кога некој бара повеќе или поголеми права, треба да е свесен, подготвен и способен да извршува повеќе и поголеми должности, рече г. Петар.

Остварувањето на права без должности, го расипува и изопачува светот, кој  ја губи својата рамнотежа и хармонија, рече владиката Петар и со црковен повик го најави најважниот момент од обраќањето, посочувајќи ја опасноста од родовата еднаквост.

Но, да внимаваме! Вонмем! На нашето општество молскавично ѝ се заканува уште поопасна, попогубна и поотровна идеологија – родовата еднаквост! Оваа идеологија, односно манипулативна терминологија е богохулна, противприродна, изопачена; Господ ги создаде машко и женско, и сè друго изменето, поинакво и поразлично од Божјото создание е ненормално, а со тоа и неприфатливо, рече г. Петар.

Владиката Петар инаку е сопственик и управител на новата телевизја Вистел која треба да почне со работа од 1 мај. АВМУ во фервуари му додели 9 годишна концесија за телевизија од претежно забавен општ формат која ќе зрачи во Скопје и неколку скопски општини.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе