Вести Магазин Свет Топ вести

(Видео) Двете златни кочии за крунисувањето на кралот Чарлс Трети на 6 мај

Финишираат подготовките во Велика Британија за 6 мај за кого е планирано крунисувањето на кралот Чарлс Трети. На настанот кој е традиција, но спектакл на Островот, кралот и кралицата ќе користат две златни кочии.

Кралот и кралицата ќе отпатуваат во Весминстерската опатија во новата златна кочија за Дијамантски јубилеј, а по церемонијата ќе се вратат во Бакингемската палата во државната Златна кочија која се користи при секое крунисување од 1830 година.

Златната кочија била порачана од кралот Џорџ Трети во 1760 година и изработена во работилницата на Семјуел Батлер во Лондон. Ремек делото било завршено во 1762 година.

Кочијата тежи четири тони, долга е 7,3 метри и висока е 3,7 метри. Позлатена е, содржи насликани панели од Џовани Батиста Ципријани и богата позлатена скулптура, вклучувајќи три херувими на покривот што ги претставуваат Англија, Ирска и Шкотска и четири тритони, по еден на секој агол, кои ја претставуваат империјалната моќ на Британија.

Кабината на кочијата е закачена со протези покриени со мароканска кожа и украсени со позлатени токи. Внатрешноста е обложена со кадифе и сатен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија го одбележува 5 мај – Денот на македонскиот јазик

Дејан Дејан

Митрески: Заедно и сплотени против сите предизвици и искушенија

Дејан Дејан

Велигден со пораки за здравје, љубов, меѓусебна почит и обединување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе