Англија се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство 2026 година откако во драматичен натпревар го совлада Мексико со 3-2.
Мексиканците добро го отворија натпреварот, но Англија во финишот на првото полувреме дојде до два гола предност. Џуд Белингам најпрво погоди со глава во 36-тата минута, а само две минути подоцна, по асистенција од Хари Кејн, зголеми на 2-0.
Ко-домаќинот на Мундијалот брзо се врати во игра, бидејќи Хулијан Квињонес во 42-та минута намали на 2-1 и ја врати неизвесноста пред паузата.
Драмата продолжи во второто полувреме, кога Џарел Кванса во 54-тата минута доби директен црвен картон и Англија остана со играч помалку. Сепак, „Гордиот Албион“ успеа да стигне до трет гол преку Хари Кејн, кој во 60-тата минута реализираше пенал.
Мексико не се предаде и повторно се врати во игра преку Раул Хименез, кој во 69-тата минута исто така беше прецизен од белата точка. До крајот домашната селекција силно притискаше, но Англија издржа и обезбеди пласман меѓу најдобрите осум.
Во четвртфиналето Англичаните ќе играат против НорвешкаНорвешка, која претходно го елиминираше Бразил.
