Вести Македонија

Уапсен велешанец: Сам се повредил додека палел трева и предизвикал пожар

Полицијата преведе маж поради основно сомневање дека предизвикал пожар во атарот на селото Долно Оризари, кој зафатил и викенд куќа, соопшти полицијата.

-На 05.07.2026 во 15:20 часот во село Долно Оризари, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода А.О.(61) од Велес. Тој се сомничи дека околу 14:25 часот на место викано „Свилара“ во атар на село Долно Оризари, запалил сува трева во својот овоштарник и предизвикал пожар кој зафатил нива, помошна просторија, бандера и инвентар од викенд куќа, сопственост на 42-годишната М.Т од Велес. При обид да го изгасне пожарот, А.О се здобил со повреди. Пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес. А.О. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Минатата недела пожар избувна и кај ј месноста наречена Трите дола, велешко  што зафати неколку викендици и стари куќи, дел од лозови и други насади и пчелни сандаци. Пожарот беше ставен под контрола, но поради непристапноста на теренот и силниот ветер гаснењето беше отежнато. информираше градоначалникот Марко Колев.

(видео+фото) Пожарот во Велес ги зафати викенд куќите се уште не е целосно изгаснат

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Национален комитет го презема управувањето со Газа – Хамас со одлука за распуштање на владата по 20 власт

Sasko Dimovski

Пожарот кај „Рампа“ го подметнале двајца скопјани

Дејан Дејан

Електронска порака од директорката на УЈП, го одложи закажаниот протест

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе