Вести Македонија Топ вести

Пожарот кај „Рампа“ го подметнале двајца скопјани

Двајца скопјани на возраст од 34 и 39 години го подметнале пожарот во објектот кај „Рампа“, во скопската населба Кисела Вода.

 

Густиот црн чад беше видлив од повеќе делови на Скопје, а на местото интервенираa екипи на  Противпожарна Бригада на  Град Скопје. Поради  интервенцијата, во дел од населбата беа исклучени струјата и водоснабдувањето. Пожарот од напуштениот објект, се ширеше и кон околните објекти.

Во гаснењето на огнот, еден пожарникар беше повреден а две противпожарни возила беа оштетени.

Двајцата осомничени кои го подметнaле пожарот околу 16 часот, а беа уапсени еден час подоцна, ќе одговораат за предизвикување општа опасност.

Screenshot
„На 05.07.2026 во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.А.(34) и И.Х.(39), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 05,07,2026 околу 16.00 часот, предизвикале пожар во напуштен објект на бул. „Македонија“ во Скопје, при што еден пожарникар се здобил со повреди, а две противпожарни возила биле оштетени. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе следува соодветен поднесок

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Електронска порака од директорката на УЈП, го одложи закажаниот протест

Дејан Дејан

Следниот месец стартува изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Михајло го известувал Дејан за дојави на контроли од МВР и од УЈП – рочиште за „Пулс“ со докази од вештачења на телефони

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе